ВНИМАНИЕ

Користете садови исклучиво наменети за употреба во микробранови печки; НЕ употребувајте метални садови, тенџериња со златни и сребрени делови, ражен, вилушки и сл. Отстранете ги врвките од хартиените и пластични ќеси. Причина: Електрично празнење или искри може да предизвикаат оштетување на печката.

Не сушете весници или облека во микробрановата печка.

Користете пократки времиња за помали количини на храна за да спречите прегревање и горење на храната.

Не го потопувајте кабелот или приклучокот за напојување во вода и држете го кабелот за напојување подалеку од топлина.

Јајца со лушпа и тврдо варени јајца не треба да се загреваат во микробрановата печка, бидејќи може да експлодираат, дури и ако печката повеќе не е вклучена; Исто така, не загревајте херметички или вакуумирани шишиња, тегли, садови, ореви со лушпа, домати и сл.

Не покривајте ги отворите за вентилација со крпа или весници. Тие може да се запалат од топлиот воздух кој излегува од внатрешноста на печката. Исто така, печката може да се прегрее и автоматски да се исклучи, а ќе остане исклучена сè додека не се излади доволно.

Секогаш употребувајте ракавици при вадење на сад од печката за да не добиете изгореници.

Промешајте ги течностите при загревањето или по завршување на загревањето и оставете го садот со течности најмалку 20 секунди по загревањето за да спречите превривање.

Немојте да приоѓате премногу блиску кога ја отворате вратата за да не добиете изгореници од жешкиот воздух или пареата која излегува.

Не употребувајте ja микробрановата печка кога е празна. Микробрановата печка автоматски ќе се исклучи за 30 минути заради безбедносни причини. Ви препорачуваме постојано да ставате чаша со вода во печката за апсорбирање на микробрановата енергија доколку микробрановата печка случајно се активира.

Инсталирајте ја печката во согласност со слободниот простор кој е наведен во ова упатство. (погледнете го делот за инсталирање на микробрановата печка.)

Внимавајте при приклучувањето на останатите електрични уреди во штекер во близина на печката.

МЕРКИ ЗА ИЗБЕГНУВАЊЕ НА МОЖНО ИЗЛОЖУВАЊЕ НА ПРЕКУМЕРНА МИКРОБРАНОВА ЕНЕРГИЈА. (САМО ФУНКЦИЈА ЗА МИКРОБРАНОВИ)

Непридржувањето кон следните безбедносни мерки може да доведе до штетно изложување на микробранова енергија.

(a)Под никакви околности не употребувајте ја печката со отворена врата, не

расипувајте ги безбедносните брави (шарките од вратата) и не ставајте ништо во отворите од безбедносните брави.

(b)НЕ поставувајте предмети помеѓу вратата на печката и предниот дел и не дозволувајте да има храна или талог на делот за затворање. Вратата и површината за затворање одржувајте ги чисти со бришење после секоја употреба, прво со влажна, а потоа со мека, сува крпа.

(c)НЕ употребувајте ја печката ако е оштетена сè додека не се поправи од страна

на квалификуван сервисер обучен од производителот. Многу е важно вратата на

печката да се затвора правилно и да нема оштетувања на:

(1)вратата (искривување)

(2)шарките од вратата (скршени или лабави)

(3)Вратата и површината за затворање

(d)Печката не треба да се прилагодува или поправа од никој друг освен од страна

на квалификуван сервисер обучен од производителот.

Samsung ќе наплати дополнителна сума за замена на галантерија или поправка на козметички дефект, доколку оштетувањето на уредот и/или оштетувањето или губењето на галантеријата било предизвикано од страна на корисникот. Во оваа клаузула спаѓа:

(a)Вдлабната, изгребана или скршена врата, рачка, надворешна плоча или контролна плоча.

(b)Скршен или отстранет сад, прстени за насочување, спојница или решетка за

печење.

Овој уред употребувајте го единствено за наменетата функција како што е опишано во ова упатство. Предупредувањата и важните безбедносни мерки во

ова упатство не ги опфаќаат сите околности и ситуации кои може да настанат. Ваша одговорност е да постапувате разумно и да внимавате при инсталирањето, одржувањето и употребата на вашиот уред.

Македонски - 10

GE109MST1_BOL-DE68-04287A-01_MK.indd 10

20/12/2014 13:40:27

Page 78
Image 78
Samsung GE109MST1/BOL manual Не сушете весници или облека во микробрановата печка