ПРОВЕРКА ДАЛИ ПЕЧКАТА РАБОТИ ИСПРАВНО
Следната едноставна процедура ќе ви овозможи да проверите дали вашата микробранова печка работи исправно. Доколку се сомневате, погледнете во поглавјето "Отстранување на проблеми" на страница
Печката мора да биде поврзана со соодветен ѕиден приклучок. Плочата мора да биде поставена во печката. Доколку не се користи максималното ниво на јачина (100 % - 900 W), ќе биде потребно подолго време за зовривање на водата.
Отворете ја вратата од печката со повлекување на рачката од десната страна. Поставете чаша со вода на плочата. Затворете ја вратата.
Притиснете копчето START/+30s (Активирање/+30s) и поставете го времето на 4 или 5 минути, со притиснување на копчето START/+30s (Активирање/+30s) соодветен број пати.
Резултат: Печката ја загрева водата 4 или 5 минути. Потоа водата треба да зоврие.
ГОТВЕЊЕ / ПОДГРЕВАЊЕ
Следната процедура објаснува како да готвите или подгревате храна.
СЕКОГАШ проверувајте ги поставените параметри пред да ја оставите печката
без надзор.
Отворете ја вратата. Поставете ја храната на средина од плочата. Затворете ја
вратата. Никогаш не вклучувајте ја печката кога е празна.
1. Притиснете го копчето Microwave (Микробранови).
Резултат: На екранот се прикажува 900 W (максимална јачина на готвење):
(режим на микробранови)
2.Изберете го соодветното ниво на јачина со
притиснување на копчето Microwave (Микробранови)
сè додека не се прикаже саканото ниво.
Ве молиме погледнете во табелата за нивоа на јачина.
3.Поставете го времето на готвење со притиснување на
копчето Нагоре(+)/Надолу(-).
Резултат: Се прикажува времето на готвење.
4.Притиснете го копчето START/+30s (Активирање/+30s). Резултат: Светлото се вклучува и плочата почнува
да се врти. Готвењето започнува и по
завршувањето:
•Печката емитува звучен сигнал и
засветува "End" (крај) 4 пати.
Потоа печката ќе емитува звучен сигнал
по еднаш во минута.
ПОСТАВУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО
Кога напојувањето е вклучено, на екранот автоматски ќе се прикаже "88:88", а потоа "12:00".
Ве молиме поставете го моменталното време. Времето може да биде прикажано во
•Кога првпат ја инсталирате вашата микробранова печка
•По прекин на напојувањето
Не заборавајте да го наместите часовникот при премин од летно во зимско пресметување на времето и обратно.
1.За да се прикаже времето во...
Притиснете го копчето Часовник еднаш или двапати.
2.Притиснете ги копчињата
поставите часот.
3.Притиснете го копчето Часовник.
Македонски - 14
20/12/2014 13:40:38