Samsung BQ2Q7G214/BOL manual Инструкции ЗА Отстранување, Отстранување на амбалажата

Models: BQ2Q7G214/BOL

1 364
Download 364 pages 18.04 Kb
Page 56
Image 56

Истурената храна мора да се отстрани пред чистењето, а садовите кои треба рачно да се измијат може да останат во рерната за време на чистењето.

Ако уредот се одликува со функција за автоматско чистење или чистење со пареа, истурената храна мора да се отстрани пред чистењето, а садовите треба да се отстранат од рерната за време на чистењето со пареа или автоматското чистење.

Ако овој уред се одликува со функција за автоматско чистење, за време на автоматското чистење површините може да се загреат повеќе од вообичаено, па затоа не дозволувајте им на малите деца да бидат во близина.

Немојте да газите, да се навалувате, да седнувате или да ставате тешки предмети на вратата.

Не отворајте ја вратата со поголема сила од потребната.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Не исклучувајте го уредот од напојувањето дури и откако процесот на готвење ќе биде завршен.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Не оставајте ја вратата отворена додека готвите во рерната.

ИНСТРУКЦИИ ЗА ОТСТРАНУВАЊЕ

Отстранување на амбалажата

Материјалите кои се користат при пакувањето на овој уред можат да се рециклираат.

Отстранете ја амбалажата во соодветен контејнер на локалното место за отпад.

Отстранување на старите уреди

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Пред отстранувањето на старите уреди, оневозможете го нивното идно користење за да не може да се претворат во извор на опасност.

За оваа цел, исклучете го уредот од напојувањето и отстранете го кабелот за напојување. Заради заштита на животната средина, важно е старите уреди да се отстранат на правилен начин.

Уредот не треба да се отстранува заедно со останатиот отпад од домаќинството.

Информации околу датумите на прибирање и јавните места за отстранување може да добиете од локалното претпријатие за јавна хигиена.

ПРАВИЛНО ДЕПОНИРАЊЕ НА ОВОЈ ПРОИЗВОД (ОТПАДНА ЕЛЕКТРИЧНА И ЕЛЕКТРОНСКА ОПРЕМА)

(Применливо во држави со посебни системи за справување со отпадот)

Оваа ознака на производот, приборот или литературата означува дека производот и неговиот електронски прибор (на пр. полначот, слушалките, USB кабелот) не треба да се отстрануваат заедно со останатиот отпад од домаќинството на крајот од нивниот работен век. За избегнување на можна штета врз околината или човечкото здравје предизвикана со неконтролирано фрлање отпад, Ве молиме да ги одвоите овие предмети од другите видови отпад и одговорно да ги рециклирате заради унапредување на еколошки оправдано повторно користење на материјалните ресурси.

Физичките лица можат да се обратат или во продавницата каде што го купиле овој производ или во службите на локалната самоуправа, за детали каде и како да извршат рециклирање на производот на начин безбеден по околината.

Деловните корисници можат да се обратат до својот снабдувач и да ги проверат одредбите и условите во договорот за набавка. Овој производ и неговиот електронски прибор не треба да се мешаат со друг комерцијален отпад.

4_ мерки за безбедност

BQ2Q7G214_BOL_DG68-00447J-01_MK.indb 4

7/4/2013 1:19:54 PM

Page 56
Image 56
Samsung BQ2Q7G214/BOL manual Инструкции ЗА Отстранување, Отстранување на амбалажата