Samsung BQ2Q7G214/BOL manual Безбедност ПРИ Користењето, Мерки за безбедност

Models: BQ2Q7G214/BOL

1 364
Download 364 pages 18.04 Kb
Page 55
Image 55

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Уредот и неговите достапни делови може да се загреат за време на употребата. Внимавајте некој да не дојде во контакт со загреаните делови во рерната. Децата на возраст помала од 8 години не треба да бидат во близина, освен под постојан надзор.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Исклучете го уредот пред замената на светилката за да се избегне можноста од електричен удар.

БЕЗБЕДНОСТ ПРИ КОРИСТЕЊЕТО

Оваа рерна е дизајнирана единствено за готвење на храна во домаќинствата.

За време на користењето, внатрешните површини на рерната стануваат доволно жешки за да предизвикаат изгореници. Не допирајте ги грејните тела или внатрешните површини на рерната сè додека не помине доволно време тие да се изладат.

Никогаш немојте да ставате запаливи материјали во рерната.

Површините на рерната стануваат жешки доколку уредот подолго време се користи со висока температура.

При готвењето, внимавајте при отворањето на вратата од рерната бидејќи жешкиот воздух и пареата можат да излезат многу бргу.

При готвење на храна која содржи алкохол, внимавајте бидејќи алкохолот испарува заради високата температура и пареата може да се запали доколку дојде во допир со жешките делови на рерната.

Заради ваша безбедност, немојте да користите уреди за чистење со вода со висок притисок или пареа.

Држете ги децата на безбедно растојание кога рерната се користи.

Замрзнатата храна како пиците мора да се готви на големата решетка. Доколку се користи садот за печење, тој може да се деформира заради големите температурни промени.

Немојте да истурате вода на дното на рерната кога тоа е жешко. Ова може да предизвика оштетување на емајлираната подлога.

Вратата на рерната мора да биде затворена за време на готвењето.

Не поставувајте садови за печење или тави на дното на рерната и не прекривајте го со алуминиумска фолија. Алуминиумската фолија ја блокира топлината, што може да предизвика оштетување на емајлираната површина и лоши резултати при готвењето.

Овошните сокови оставаат дамки на површината од емајл, кои потоа може да станат неизбришливи. При готвењето на торти со многу влага, користете ја длабоката тава.

Не оставајте ги садовите за печење на отворената врата од рерната.

Децата треба да се надгледуваат за да не си играат со уредот.

Не дозволувајте им на децата да се приближуваат до вратата кога ја отворате или затворате, бидејќи може да се удрат во неа или да им ги стиснете нивните прсти со вратата.

За време на употребата апаратот се загрева. Внимавајте некој да не дојде во контакт со загреаните делови во рерната.

Ако кабелот за напојување е оштетен, тој мора да се замени од страна на производителот, сервисерот или други квалификувани лица со цел да се избегнат несакани ситуации.

Децата треба да се надгледуваат за да не си играат со уредот.

уредите не се предвидени да бидат контролирани од надворешни тајмери или одделни системи за далечинска контрола.

Не употребувајте јаки абразивни средства или остри метални жици за чистење на стаклото од вратата на рерната кои може да го оштетат и да придонесат тоа да се скрши.

Овој уред може да го користат деца на возраст од 8 и повеќе години и лица со намалени физички, сетилни или ментални способности, недоволно искусни или обучени лица, доколку истите се надгледуваат или им се дадат инструкции за користење на уредот на безбеден начин и им се објаснат можните опасности. Децата не треба да си играат со уредот. Чистењето и одржувањето од страна на корисникот не треба да го вршат деца без соодветен надзор.

Заради ваша безбедност, немојте да користите уреди за чистење со вода со висок притисок или пареа.

за време на чистењето, површините може да се загреат повеќе од вообичаено, па затоа не дозволувајте им на малите деца да бидат во близина.

мерки за безбедност _3

BQ2Q7G214_BOL_DG68-00447J-01_MK.indb 3

7/4/2013 1:19:54 PM

Page 55
Image 55
Samsung BQ2Q7G214/BOL manual Безбедност ПРИ Користењето, Мерки за безбедност