МАКЕДОНСКИ

КАКО РАБОТИ МИКРОБРАНОВАТА ПЕЧКА

Микробрановите се електромагнетни бранови со висока фреквенција; ослободената енергија овозможува готвење или подгревање на храната без промена на нејзината форма или боја.

Можете да ја користите микробрановата печка за:

Одмрзнување (рачно и автоматски)

Готвење

Подгревање

Принцип на готвење.

1.Микробрановите генерирани од магнетрон се распределуваат рамномерно со вртењето на храната поставена на плочата. На овој начин храната се готви рамномерно насекаде.

2. Микробрановите се апсорбираат од храната до длабочина од околу 1 инч (2,5 cm). Готвењето потоа продолжува со распределување на топлината во внатрешноста на храната.

3.Времето на готвење се менува во зависност од садот кој се користи и карактеристиките на храната:

Количество и густина

Содржина на вода

Почетна температура (дали е замрзната или не)

Бидејќи централниот дел на храната се готви преку распределување на топлината, готвењето продолжува и по вадењето на храната од печката. Времето на стоење на храната назначено во рецептите или во ова упатство мора да се почитува за да се обезбеди:

Рамномерна зготвеност на храната и во средишниот дел

Подеднаква температура на целата храна

ПРОВЕРКА ДАЛИ ПЕЧКАТА РАБОТИ ИСПРАВНО

Следната едноставна процедура ќе ви овозможи да проверите дали вашата микробранова печка работи исправно.

Отворете ја вратата од печката со повлекување на рачката од десната страна. Поставете чаша со вода на плочата. Потоа затворете ја вратата.

1.Притиснете го копчето за Микробранови ().

Резултат : На екранот се прикажува 800 W (максимална јачина на готвење)

2.Поставете го времето на 4 до 5 минути со вртење

на вртливото копче и притиснете го копчето Активирање/+30s ().

Резултат: Светлото се вклучува и плочата

почнува да се врти.

1)Готвењето започнува и кога ќе заврши се слуша звучен сигнал "бип" 4 пати.

2)Сигналот за крај ќе го слушнете 3 пати (еднаш во минута).

3) Моменталното време повторно се прикажува.

Печката мора да биде поврзана со соодветен ѕиден приклучок. Плочата мора да биде поставена во печката. Доколку не се користи максималното ниво на јачина, ќе биде потребно подолго време за зовривање на водата.

14

MS23F301TAS_OL_DE68-04182L-01_MK.indd 14

2013-07-27 �� 3:02:46