отстранување на проблеми и код на грешка

ОТСТРАНУВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИ

Ако се соочувате со некој од проблемите наведени подолу, испробајте ги понудените решенија.

Ова е нормално.

Кондензација во внатрешноста на печката.

Струење на воздух околу вратата и надворешноста.

Рефлексија на светлина околу вратата и надворешноста.

Излегување на пареа од вратата или вентилационите отвори.

Печката не се активира кога ќе го притиснете копчето START/+30s (Активирање/+30s).

Дали вратата е целосно затворена?

Храната воопшто не е зготвена.

Го поставивте ли времето правилно и/или дали го притиснавте копчето START/+30s (Активирање/+30s)?

Дали вратата е затворена?

Дали сте го преоптовариле електричното коло и дошло до избивање на осигурувачот?

Храната е премногу или недоволно зготвена.

Дали сте поставиле соодветно времетраење на готвењето за одредениот тип на храна?

Дали сте избрале соодветна јачина?

Светилката не работи.

Светилката не треба да се менува од страна на корисници заради безбедносни

причини. Ве молиме обратете се во најблискиот овластен центар за грижа за корисници на Samsung и побарајте квалификуван инженер да ја замени светилката.

Печката предизвикува пречки кај радиоприемниците или телевизорите.

Додека се користи печката може да се јават мали пречки кај радиоприемниците или

телевизорите. Ова е нормално. За да го отстраните проблемот, поставете ја печката подалеку од телевизорите, радиоприемниците и антените.

Ако се јават пречки кај микропроцесорот на печката, екранот може да се ресетира. За

да го отстраните проблемот, исклучете го кабелот за напојување и повторно вклучете го. Повторно поставете го времето.

Се јавуваат искри и звуци во внатрешноста на печката (електрично празнење).

Дали сте користеле сад со метални делови?

Дали сте оставиле вилушка или друг метален прибор во внатрешноста на печката?

Дали алуминиумската фолија е премногу блиску до внатрешните ѕидови?

Чад и лоша миризба при првото користење.

Тоа е привремена состојба во која се загреваат новите компоненти. Чадот и миризбата

целосно ќе исчезнат по 10 минути користење.

За да ја отстраните миризбата побрзо, ве молиме вклучете ја микробрановата печка и ставете парчиња лимон или сок од лимон во орманот.

Доколку со помош на горенаведените совети не можете да го решите проблемот, обратете се во вашиот локален центар за кориснички услуги на SAMSUNG.

Ве молиме подгответе ги следните информации;

Бројот на моделот и серискиот број, кои обично се наоѓаат на задната страна на

печката

Деталите од гаранцијата

Јасен опис на проблемот

Потоа обратете се до вашиот локален продавач или до SAMSUNG сервисот.

КОД НА ГРЕШКА

Значење на пораката "SE".

Исчистете ги копчињата и проверете дали има вода на површината околу нив.

Исклучете ја микробрановата печка и обидете се повторно да ја поставите. Ако се повтори, обратете се до локалниот центарот за грижа за корисници на SAMSUNG.

Значење на пораката "E-12".

Пораката "E-12" означува прекин на сензорот за гас. Оваа грешка може да се

појави поради големата влажност во внатрешноста, кога повторно ја користите микробрановата печка непосредно по завршување на претходното готвење на храна.

Во тој случај, бидејќи постои можност сензорот за гас да не е расипан, исклучете ја микробрановата печка и обидете се повторно да ја поставите. Ако оваа грешка се повтори, обратете се до локалниот центарот за грижа за корисници на SAMSUNG.

Во случај на код што не е прикажан погоре, или доколку со предложеното решение не се отстранува проблемот, контактирајте со вашиот локален центар за грижа за корисници на SAMSUNG.

Македонски - 36

MG23H3125NW_OL_DE68-04240G-00_MK.indd 36

2014-01-08 �� 7:19:09

Page 112
Image 112
Samsung MG23H3125NK/EO manual Отстранување НА Проблеми, КОД НА Грешка, Значење на пораката SE, Значење на пораката E-12