Samsung MG23H3125NK/OL, MG23H3125NK/EO Кои се наталожени, Го попречуваат затворањето на вратата

Models: MG23H3125NK/OL MG23H3125NK/EO

1 304
Download 304 pages 63.34 Kb
Page 83
Image 83

Не поставувајте ја микробрановата печка во топла и влажна околина како на пример во близина на шпорет или радијатор. Спецификациите за напојување на печката треба да се почитуваат и секој продолжителен кабел треба да ги задоволува истите стандарди кои важат за кабелот кој се испорачува со печката. Пред првото користење на микробрановата печка избришете ја внатрешноста и вратата за затворање со влажна крпа.

ЧИСТЕЊЕ НА МИКРОБРАНОВАТА ПЕЧКА

Следните делови од микробрановата печка треба да се чистат редовно за да не се таложат остатоци од маснотии и храна:

Внатрешните и надворешните површини

Вратата и шарките

Плочата и кружните прстени

(само модел со вртлива плоча)

СЕКОГАШ проверувајте дали шарките од вратата се чисти и дали вратата е добро затворена.

Неодржувањето на печката во чиста состојба може да ја оштети површината и да го расипе уредот или да предизвика несакани опасни ситуации.

1.Исчистете ја внатрешноста со мека крпа и топла вода со сапуница. Исплакнете и исушете.

2.Отстранете ја нечистотијата од внатрешната површина на печката со насапунета крпа. Исплакнете и исушете.

3.За да ги отстраните тврдокорните нечистотии и мирисот, ставете чаша со разблажен лимонов сок во печката и загрејте десет минути со најголема јачина.

4.Измијте ја вртливата плоча кога тоа ќе биде потребно, може и во машина за миење садови.

НЕ истурајте вода на вентилацијата. НИКОГАШ не употребувајте абразивни или хемиски средства. При чистењето на шарките од вратата особено внимавајте да нема остатоци:

Кои се наталожени

Го попречуваат затворањето на вратата

01 БЕЗБЕДНОСНИ ИНФОРМАЦИИ

Македонски - 7

MG23H3125NW_OL_DE68-04240G-00_MK.indd 7

2014-01-08 �� 7:18:52

Page 83
Image 83
Samsung MG23H3125NK/OL, MG23H3125NK/EO manual Кои се наталожени, Го попречуваат затворањето на вратата