ВАЖНИ БЕЗБЕДНОСНИ ИНСТРУКЦИИ

ПРОЧИТАЈТЕ ВНИМАТЕЛНО И ЗАЧУВАЈТЕ ГО УПАТСТВОТО ЗА КОРИСТЕЊЕ ВО ИДНИНА. Потрудете се постојано да ги следите овие мерки за безбедност.

Пред да започнете да ја користите печката, прочитајте и следете ги следните инструкции.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ (само функција за микробранови)

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Ако вратата или делот за затворање се оштетени, печката не треба да се употребува сè додека не се поправи од страна на квалификувано лице.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Ризично е лицата кои не се компетентни да вршат сервис или поправка со отстранување на капакот кој овозможува заштита од микробрановата енергија.

Овој уред е наменет за користење само во домаќинства.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Дозволена е употреба на печката од страна на деца без надзор единствено во случај кога се дадени соодветни инструкции за детето да може да ја користи печката на безбеден начин и доколку ја разбира опасноста од неправилна употреба.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Овој уред може да го користат деца на возраст од 8 и повеќе години и

лица со намалени физички, сетилни или ментални способности, недоволно искусни или обучени лица, доколку истите се надгледуваат или им се дадат инструкции за користење на уредот на безбеден начин и им се објаснат можните опасности. Децата не треба да си играат со уредот. Чистењето и одржувањето од страна на корисникот не треба да го вршат деца, освен ако се на возраст од 8 години или повеќе и се надгледуваат.

Користете садови исклучиво наменети за употреба во микробранови печки.

Кога загревате храна во пластични или хартиени кеси, внимавајте да не дојде до палење. Микробрановата печка е наменета за загревање на храна и пијалоци. Сушење храна или облека

изагревање на подлоги за топлење, топлинки, сунѓери, влажни алишта и слично може да предизвика ризик од повреди, палење или пожар.

01 БЕЗБЕДНОСНИ ИНФОРМАЦИИ

Македонски - 3

MG23H3125NW_OL_DE68-04240G-00_MK.indd 3

2014-01-08 �� 7:18:52

Page 79
Image 79
Samsung MG23H3125NK/OL, MG23H3125NK/EO manual Важни Безбедносни Инструкции