Samsung MG23H3125NK/OL, MG23H3125NK/EO manual Подгревање Течности

Models: MG23H3125NK/OL MG23H3125NK/EO

1 304
Download 304 pages 63.34 Kb
Page 107
Image 107

ПОДГРЕВАЊЕ

Микробрановата печка ќе ја загрее храната за многу пократко време од стандардниот шпорет.

Користете ниво на јачина и време за подгревање согласно упатствата од табелата. Времињата во табелата се однесуваат на течности на собна температура од +18 до +20 °C или изладена храна на температура од +5 до +7 °C.

Распоредување и покривање

Избегнувајте да подгревате големи парчиња месо – тие може премногу да се испечат на надворешниот слој без да се загрее внатрешниот дел. Подгревањето на мали парчиња може да биде поуспешно.

Нивоа на јачина и промешување

Некоја храна може да се подгрева со јачина од 800 W додека друга со јачина од 600 W, 450 W или дури 300 W.

Ако ви треба помош, проверете во табелите. Генерално, подобро е да се подгрева храната со помала јачина, доколку таа е деликатна, во поголема количина или се загрева многу брзо (на пр. овошни колачи).

Добро промешувајте или вртете ја храната за време на подгревањето за најдобри резултати. Кога е можно, промешајте повторно пред сервирање.

Внимавајте кога загревате течности и храна за бебиња. Заради заштита од превривање

иможни изгореници, промешајте пред, за време и по загревањето. Чувајте ги во печката за да отстојат. Ви препорачуваме да ставите пластична или стаклена лажица во течностите. Избегнувајте прегревање (а со тоа и намалување на квалитетот) на храната. Подобро е да предвидите пократко време на готвење и доколку е потребно да додадете дополнително време.

Време на греење и стоење

Кога првпат подгревате храна забележете го потребното време – може да ви користи во иднина. Секогаш проверете дали храната што ја подгревате е рамномерно стоплена. Дозволете храната да постои одредено време по подгревањето - за да се изедначи температурата. Се препорачува време на стоење од 2-4 минути, освен ако не е поинаку прикажано во табелата.

Внимавајте кога загревате течности и храна за бебе. Погледнете го делот за безбедносни мерки.

ПОДГРЕВАЊЕ ТЕЧНОСТИ

Секогаш оставете време од 20 секунди откако печката ќе се исклучи за да може температурата да се изедначи. Промешајте за време на загревањето, доколку е потребно, и СЕКОГАШ промешајте по загревањето. Заради заштита од превривање и можни изгореници, ставете пластична лажица или стаклена прачка во пијалаците и промешајте пред, за време и по загревањето.

Подгревање течности и храна

Употребете јачина и време од табелата како упатство за подгревање.

Храна

Големина на

Напојување

 

Време (мин.)

порции

 

 

 

 

 

 

Пијалаци

150 ml (1 чаша)

 

800 W

 

1-1½

(кафе, чај и вода)

250 ml (1 шолја)

 

 

 

1½-2

 

Инструкции

 

 

 

 

 

Истурете во чаша и подгрејте непокриено. Ставете ја чашата/ шолјата на

 

средина од вртливата плоча. Оставете ги во микробрановата печка за

 

време на ладењето и промешајте добро. Почекајте 1-2 минути.

 

 

 

 

 

Супа (ладна)

250 g

 

800 W

 

3-3½

 

Инструкции

 

 

 

 

 

Истурете ја во длабок керамички сад. Покријте со пластичен капак.

 

Промешајте добро по загревањето. Промешајте повторно пред

 

сервирањето. Почекајте 2-3 минути.

 

Варена храна

350 g

 

600 W

 

5½-6½

(ладна)

Инструкции

 

 

 

 

 

Ставете го варивото во длабока керамичка чинија. Покријте со пластичен

 

капак. Промешувајте повремено за време на готвењето и повторно пред

 

да отстои и да сервирате. Почекајте 2-3 минути.

 

Тестенини со сос

350 g

 

600 W

 

4½-5½

(ладни)

 

 

 

 

 

Инструкции

 

 

 

 

 

Ставете тестенини (на пр. шпагети или фиде) на плитка керамичка

 

чинија. Покријте со фолија за микробранови печки. Промешајте пред

 

сервирање. Почекајте 3 минути.

 

 

 

Полнети тестенини

350 g

 

600 W

 

5-6

со сос (ладни)

Инструкции

 

 

 

 

 

Ставете полнети тестенини (како равиоли, тортелини) во длабока

 

керамичка чинија. Покријте со пластичен капак. Промешувајте

 

повремено за време на готвењето и повторно пред да отстои и да

 

сервирате. Почекајте 3 минути.

 

 

 

Оброк во чинија

350 g

 

600 W

 

5½-6½

(ладeн)

Инструкции

 

 

 

 

 

Ставете оброк од 2-3 ладни состојки на керамичка чинија. Покријте со

 

фолија за микробранови печки. Почекајте 3 минути.

 

06 ВОДИЧ ЗА ГОТВЕЊЕ

Македонски - 31

MG23H3125NW_OL_DE68-04240G-00_MK.indd 31

2014-01-08 �� 7:19:08

Page 107
Image 107
Samsung MG23H3125NK/OL, MG23H3125NK/EO manual Подгревање Течности