Samsung MG23H3125NK/OL, MG23H3125NK/EO Употреба НА Функциите ЗА Здраво Готвење, Зеленчук и жито

Models: MG23H3125NK/OL MG23H3125NK/EO

1 304
Download 304 pages 63.34 Kb
Page 95
Image 95

Прибор и капак за готвење со сензор

За да добиете добри резултати при готвењето со оваа функција, следете ги упатствата за избирање на соодветни садови и капаци од табелата во оваа книга.

Секогаш употребувајте садови наменети за микробранови печки и покривајте ги со нивните капаци или со пластична фолија. При користење на пластична фолија, подвратете еден раб за да овозможите соодветно излегување на пареата.

Секогаш покривајте со капакот кој е наменет за приборот кој се користи. Ако приборот нема сопствен капак, користете пластична фолија.

Полнете ги садовите најмалку до половина.

Храната за која е потребно мешање или ротирање треба да се меша или врти кон крајот на циклусот на готвењето со сензор, откако времето на екранот ќе почне да одбројува наназад.

Важно

По инсталирање на печката и приклучување во електричен приклучок, не го исклучувате кабелот за напојување. На сензорот за гас му е потребно време да се стабилизира за да може добро да готви.

Не се препорачува континуирано користење на функцијата за автоматско готвење со сензор, т.е. циклус на готвење веднаш еден по друг.

Инсталирајте ја печката на место со добра вентилација за соодветно ладење и проток на воздухот и да му овозможите на сензорот да работи прецизно.

За да избегнете лоши резултати, не го користите автоматскиот сензор кога амбиенталната температура во собата е премногу висока или ниска.

Не користете испарлив детергент при чистење на вашата печка. Гасот кој се добива од овој детергент може да влијае врз сензорот.

Не поставувајте ја печката во близина на места со голема влага или уреди кои испуштаат гас, бидејќи тие ќе им пречат на перформансите на автоматскиот сензор.

Внатрешноста на печката секогаш треба да биде чиста. Избришете ја целата протечена течност со влажна крпа. Оваа печка е дизајнирана само за користење во домаќинствата.

УПОТРЕБА НА ФУНКЦИИТЕ ЗА ЗДРАВО ГОТВЕЊЕ

Функциите за здраво готвење нудат седумнаесет однапред програмирани времиња на готвење. Вие не мора да го поставувате времето на подгревање ниту пак нивото на јачина. Големината на порциите може да се прилагоди со завртување на вртливото копче.

Прво, поставете ја храната на средина од плочата и затворете ја вратата.

1. Притиснете го копчето Healthy Cooking (Здраво готвење).

2.Изберете ја категоријата на храната што ја готвите со

завртување на вртливото копче. Тогаш, притиснете го вртливото копче.

Потоа, изберете ја храната што ја готвите со завртување на вртливото копче. На табелата на наредната страница ќе најдете опис на различни однапред програмирани вредности.

3.Притиснете го копчето за START/+30s (Активирање/+30s). Резултат: Готвењето започнува. По завршувањето.

1) Се слуша звучен сигнал "бип" 4 пати.

2)Сигналот за крај ќе го слушнете 3 пати (еднаш во минута).

3)Моменталното време повторно се прикажува.

Користете само предмети кои можат безбедно да се користат во микробранова печка.

1. Зеленчук и жито

Код/Храна

Големина

Инструкции

на порции

 

 

1-1

250 g

Исплакнете го и исчистете го гравот. Распоредете ги

Грав

 

подеднакво во стаклен сад со капак. Додадете 30 ml

 

 

(2 лаж.) вода при готвење 250 g. Ставете го садот

 

 

во центарот на вртливата плоча. Гответе покриено.

 

 

Промешајте по готвењето. Почекајте 1-2 минути.

1-2

150 g

Исплакнете го и исчистете го спанаќот. Ставете го во

Спанаќ

 

стаклен сад со капак. Не додавајте вода. Ставете го

 

 

садот на средина од вртливата плоча. Гответе покриено.

 

 

Промешајте по готвењето. Почекајте 1-2 минути.

 

 

(продолжение)

04 УПОТРЕБА НА ПЕЧКАТА

Македонски - 19

MG23H3125NW_OL_DE68-04240G-00_MK.indd 19

2014-01-08 �� 7:19:04

Page 95
Image 95
Samsung MG23H3125NK/OL manual Употреба НА Функциите ЗА Здраво Готвење, Прибор и капак за готвење со сензор, Зеленчук и жито