Водич за готвење

Водич за готвење

Водич за готвење на ориз и тестенини

Ориз: Употребете голем стаклен огноотпорен сад со капак - при готвење оризот двојно го зголемува волуменот. Гответе покриено. По готвењето, промешајте пред да отстои и додадете сол, зачин или путер.

Забелешка: оризот може да не ја апсорбира целата вода по истекот на времето за готвење.

Тестенини: Употребете голем стаклен огноотпорен сад. Додадете врела вода, малку сол и добро промешајте. Гответе непокриено. Промешувајте повремено за време и после готвењето. Покријте додека стои и потоа исцедете.

Храна

Големина на порции

Напојување

Време (мин.)

Бел ориз (полуварен)

250 g

850 W

14-16

 

Инструкции

 

 

 

Додадете 500 ml ладна вода. Почекајте 5 минути.

 

 

 

 

 

Интегрален ориз

250 g

850 W

18-20

(полуварен)

 

 

 

Инструкции

 

 

 

Додадете 500 ml ладна вода. Почекајте 5 минути.

 

Мешан ориз (ориз + див

250 g

850 W

15-17

ориз)

 

 

 

Инструкции

 

 

 

Додадете 500 ml ладна вода. Почекајте 5 минути.

 

 

 

 

 

Мешани житарици (ориз

250 g

850 W

16-18

+ жито)

Инструкции

 

 

 

Додајте 400 ml ладна вода. Почекајте 5 минути.

 

 

 

 

 

Тестенини

250 g

850 W

10-11

 

 

 

 

 

Инструкции

 

 

 

Додадете 1000 ml топла вода. Почекајте 5 минути.

 

28 Македонски

Подгревање

Микробрановата печка ќе ја загрее храната за многу пократко време од стандардниот шпорет.

Користете ниво на јачина и време за подгревање согласно упатствата од табелата. Времињата во табелата се однесуваат на течности на собна температура од +18 до +20 °C или изладена храна на температура од +5 до +7 °C.

Распоредување и покривање

Избегнувајте да подгревате големи парчиња месо - тие може премногу да се испечат на надворешниот слој без да се загрее внатрешниот дел. Подгревањето на мали парчиња може да биде поуспешно.

Нивоа на јачина и промешување

Некоја храна може да се подгрева со јачина од 850 W додека друга со јачина од 600 W, 450 W или дури 300 W.

Ако ви треба помош, проверете во табелите. Генерално, подобро е да се подгрева храната со помала јачина, доколку таа е деликатна, во поголема количина или се загрева многу брзо (на пр. овошни колачи). Добро промешувајте или вртете ја храната за време на подгревањето за најдобри резултати. Кога е можно, промешајте повторно пред сервирање. Внимавајте кога загревате течности и храна за бебиња. Заради заштита од превривање и можни изгореници, промешајте пред, за време и по загревањето. Чувајте ги во печката за да отстојат. Ви препорачуваме да ставите пластична или стаклена лажица во течностите. Избегнувајте прегревање (а со тоа и намалување на квалитетот) на храната. Подобро е да предвидите пократко време на готвење и доколку е потребно да додадете дополнително време.

Време на греење и стоење

Кога првпат подгревате храна забележете го потребното време – може да ви користи во иднина. Секогаш проверете дали храната што ја подгревате е рамномерно стоплена. Оставете ја храната да постои одредено време по подгревањето - за да се изедначи температурата. Се препорачува време на стоење од 2-4 минути, освен ако не е поинаку прикажано во табелата. Внимавајте кога загревате течности и храна за бебе. Погледнете го делот за безбедносни мерки.

MG22M8074AT_OL_DE68-04445J-01_MK.indd 28

2017-11-29 ￿￿ 5:51:45

Page 108
Image 108
Samsung MG22M8074AT/OL manual Подгревање, Водич за готвење на ориз и тестенини, Распоредување и покривање