Совети и трикови

Топење путер

Ставете 50 g путер во мал длабок стаклен сад. Покријте со пластичен капак. Загревајте 30-40 секунди со јачина од 850 W, додека путерот не се истопи.

Топење чоколадо

Ставете 100 g чоколадо во мал длабок стаклен сад. Загревајте 3-5 минути со јачина од 450 W додека чоколадото не се истопи. Промешајте еднаш или двапати за време на топењето. Употребете ракавици при вадењето!

Топење кристализиран мед

Ставете 20 g кристализиран мед во мал длабок стаклен сад. Загревајте 20-30 секунди со јачина од 300 W додека медот не се истопи.

Топење желатин

Потопете ги листовите сув желатин (10 g) 5 минути во ладна вода. Ставете го исцедениот желатин во мал длабок стаклен огноотпорен сад. Загревајте 1 минута со јачина од 300 W. Промешајте после топењето.

Подготвување глазура/прелив (за колачи и торти)

Помешајте инстант глазура (околу 14 g) со 40 g шеќер и 250 ml ладна вода. Гответе непокриено во стаклен огноотпорен сад од 3½ до 4½ минути со јачина од 850 W, додека глазурата/преливот не стане проѕирен(а). Промешајте двапати додека готвите.

Подготвување џем

Ставете 600 g овошје (на пример мешано) во соодветно голем стаклен огноотпорен сад со капак. Додадете 300 g шеќер и промешајте добро. Гответе покриено приближно 10-12 минути со јачина од 850 W. Промешајте неколку пати додека готвите. Истурете директно во мали тегли со капак. Затворете по 5 минути.

Подготвување пудинг

Измешајте ја смесата со шеќер и млеко (500 ml) следејќи го упатството на производителот и добро промешајте. Употребете погоден стаклен огноотпорен сад со капак. Гответе покриено од 6½ до 7½ минути со јачина од 850 W. Промешајте неколку пати додека готвите.

Печење бадеми

Распоредете рамномерно 30 g исечкан бадем на керамички сад со средна големина. Промешајте неколку пати за време на печењето од 3½ до 4½ минути со јачина од 600 W. Оставете да отстојат 2-3 минути во печката. Употребете ракавици при вадењето!

Македонски 35

Водич за готвење

MG22M8074AT_OL_DE68-04445J-01_MK.indd 35

2017-11-29 ￿￿ 5:51:46

Page 115
Image 115
Samsung MG22M8074AT/OL manual Совети и трикови