Безбедносни инструкции

Безбедносни инструкции

Општа безбедност

Сите промени или поправки мора да ги врши само квалификуван персонал.

Не загревајте храна или течности затворени во садови со функцијата за микробранови.

При чистење на печката не користете бензен, разредувач, алкохол, пареа или уреди за чистење со висок притисок.

Не инсталирајте ја печката: покрај грејно тело или запалив материјал; места кои се влажни, замастени, прашливи или изложени на директна сончева светлина или вода; на места каде што се можни истекувања на гас; или на нерамна површина.

Оваа печка мора да биде соодветно заземјена во согласност со локалните и националните правила. Често користете сува крпа за отстранување на надворешните супстанци од контактите и приклучоците за напојување.

Кабелот за напојување не треба да се влече, прекумерно да се витка или да се ставаат тешки предмети врз него.

Ако дојде до протекување на гас (пропан, LP итн.), проветрете ја просторијата веднаш. Не допирајте го кабелот за напојување.

Не допирајте го кабелот за напојување со мокри раце.

При користењето, печката не треба да се исклучува со вадење на кабелот од приклучокот за напојување. Не ставајте ги прстите или други надворешни супстанци во внатрешноста. Ако во печката навлезат надворешни супстанци, извадете го кабелот за напојување и обратете се во локалниот сервисен центар на Samsung.

Не притискајте прекумерно и не удирајте врз печката. Не поставувајте ја печката врз кршливи предмети.

Погрижете се напонот на напојувањето, фреквенцијата и струјата да соодветствуваат со спецификациите на производот.

Вметнете го приклучокот за напојување цврсто во ѕидниот штекер. Не употребувајте адаптери со повеќе приклучни места, продолжителни кабли или електрични трансформатори.

Не закачувајте го кабелот за напојување на метални предмети. Проверете дали кабелот е сместен измеѓу предмети или зад печката.

Не употребувајте оштетен приклучок за напојување, кабел за напојување или штекер со раширени отвори. Доколку приклучоците или каблите за напојување се оштетат, треба да се обратите во локалниот сервисен центар на Samsung.

Не сипувајте или прскајте вода директно на печката.

Не ставајте предмети на печката, во нејзината внатрешност или на вратата на печката. Немојте да прскате испарливи материјали како инсектициди на печката.

6 Македонски

Не ставајте запаливи материјали во печката. Внимавајте кога загревате храна или пијалоци што содржат алкохол, бидејќи пареата од алкохолот може да дојде во контакт со загреаните делови на печката. Децата можат да се удрат или да си ги приклештат прстите со вратата. Не дозволувајте им на децата да бидат во близина при отворање/затворање на вратата.

Предупредување за употребата на микробранови

Загревањето пијалоци со микробранови може да резултира со задоцнето вриење, па затоа треба секогаш да внимавате при ракување со садот. Секогаш оставајте ги пијалоците да отстојат најмалку 20 секунди по загревањето. Ако е потребно, промешајте за време на загревањето. Секогаш промешувајте по загревањето. Во случај на изгореници, следете ги овие инструкции за прва помош:

1.Изгорената површина потопете ја во ладна вода најмалку 10 минути.

2.Покријте ја со чиста, сува крпа.

3.Не ставајте креми, масла или лосиони.

За да не го оштетите садот или решетката, не ставајте го садот или решетката во вода непосредно по готвењето.

Не употребувајте ја печката за пржење во длабоки садови полни со масло, бидејќи температурата на маслото не може да се контролира. Тоа може да резултира со ненадејно зовривање на загреаното масло.

Мерки на претпазливост за микробрановата печка

Користете само прибор наменет за микробранови печки. Не користете метални садови, позлатени или посребрени садови, ражени итн.

Отстранете ги врвките за заврзување. Може да настане електрично празнење. Не користете ја печката за сушење весници или облека.

Користете пократки времиња за мали количини на храна за да спречите прегревање или горење на храната. Чувајте ги кабелот за напојување и приклучокот за напојување подалеку од вода и извори на топлина.

За да избегнете ризик од експлозија, не загревајте јајца со лушпи или тврдо варени јајца. Не загревајте херметички или вакуумирани садови, ореви, домати итн.

Не покривајте ги отворите за вентилација со крпа или весници. Тоа претставува опасност од пожар. Печката може да се прегрее и автоматски да се исклучи, а ќе остане исклучена сè додека не се излади доволно. При вадење садови секогаш користете ракавици.

Промешајте ги течностите при загревањето или по завршување на загревањето и оставете го садот со течности најмалку 20 секунди по загревањето за да спречите превривање.

Немојте да приоѓате премногу блиску кога ја отворате вратата за да не добиете изгореници од жешкиот воздух или пареата која излегува.

MG22M8074AT_OL_DE68-04445J-01_MK.indd 6

2017-11-29 ￿￿ 5:51:39

Page 86
Image 86
Samsung MG22M8074AT/OL manual Општа безбедност, Предупредување за употребата на микробранови