Информации за безбедност

Пред да го користите уредот, Ве молиме прочитајте ги овие важни информации за безбедност. Тоа се општи информации за безбедност за уреди и може да вклучуваат содржина што не важи за Вашиот уред. Почитувајте ги предупредувачките информации

иинформациите за внимание за да спречите лична повреда или повреда на други и за да спречите оштетување на Вашиот уред.

Изразот„уред“ се однесува на производот и неговата батерија, полнач, деловите снабдени со мобилниот уред и сите додатоци одобрени од Samsung што се користат со производот.

Предупредување

Доколку не се придржувате до безбедносните предупредувања и прописи, може да настанат сериозни повреди или смрт

Не употребувајте оштетени електрични приклучоци, продолжни кабли или лабави приклучоци

Небезбеден приклучок може да предизвика електричен шок или пожар.

Не допирајте го уредот, полначот, неговите кабли или приклучокот со влажни раце или други влажни делови од телото

Во спротивно може да дојде до електричен удар.

Не превиткувајте го и не оштетувајте го приклучниот кабел

Во спротивно може да настане електричен шок или пожар.

Македонски