Правилно отстранување на батериите на овој производ

(Применливо во држави со посебни системи за справување со отпадот)

Оваа ознака на батеријата, во упатството или на пакувањето означува дека батериите од овој производ не треба да се отстранат заедно со останатиот отпад од домаќинството на крајот од нивниот работен век. Местата

каде што се означени, хемиските симболи Hg, Cd или Pb означуваат дека батеријата содржи жива, кадмиум или олово над препорачаното ниво во Директивата 2006/66/EC. Ако батериите не се отстранат правилно, овие супстанции можат да предизвикаат штета врз човековото здравје или животната средина.

За заштита на природните ресурси и поддршка на повторното користење на материјалните ресурси, Ве молиме да ги одвоите батериите од останатиот отпад и да ги рециклирате преку Вашиот локален, бесплатен систем за враќање на батерии.

Изјава за одрекување

Некои содржини и услуги достапни преку овој уред се во сопственост на трети страни и се заштитени со законите за авторски права, патенти, трговски марки и/или други закони за интелектуалната сопственост.

Таквата содржина и услуги се овозможени само за Ваша лична некомерцијална употреба. Не смеете да користите какви било содржини или услуги на начин кој не е одобрен од сопственикот на содржината или давателот на услугата. Без ограничување на претходното, доколку немате изречно овластување од соодветниот сопственик на содржината или давателот на услугата, не смеете да изменувате, копирате, повторно објавувате, префрлувате, поставувате, пренесувате, преведувате, продавате, создавате изведени дела, искористувате или дистрибуирате на кој било начин или медиум какви било содржини или услуги прикажани со помош на овој уред.

Македонски