МАКЕДОНСКИ

Немојте да го влечете или прекршувате кабелот за напојување. Немојте да го завртувате или заврзувате кабелот за напојување. Немојте да го закачувате кабелот за напојување на метален предмет, да поставувате тежок предмет врз кабелот, да го вметнувате кабелот помеѓу предмети или да го притискате кабелот во просторот зад уредот.

-Ова може да предизвика електричен удар или пожар.

При вадење на приклучокот за напојување, немојте да го влечете кабелот.

-Приклучокот за напојување извадете го држејќи го приклучокот.

-Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до електричен удар или пожар.

Кога кабелот на уредот ќе се оштети, обратете се до најблискиот сервисен центар.

ВНИМАНИЕ Мерки на претпазливост во однос на електриката

Извадете го приклучокот за напојување кога уредот не се користи подолг период или за време на невреме со грмотевици.

-Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до

електричен удар или пожар.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Сериозни предупредувања во однос на користењето

Во случај на истекување на гас (како пропан, LP гас, итн.), веднаш проветрете ја собата без допирање на приклучокот за напојување. Не допирајте го уредот или кабелот за напојување.

-Немојте да користите вентилатор.

-Една искра може да предизвика експлозија или пожар.

Обрнете внимание вратата и другите делови да не дојдат во допир со телото за време или веднаш по готвењето.

-Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до изгореници.

СЕКОГАШ употребувајте ракавици при вадење на сад од печката за да не се изгорите.

Немојте да приоѓате премногу блиску кога ја отворате вратата. Причина : Топлиот воздух и пареата кои излегуваат може да предизвикаат изгореници.

6

Загревањето на течности во печката може да доведе до задоцнето вриење, затоа внимавајте кога ракувате со садот; За да се заштитите во ваква ситуација СЕКОГАШ оставете време од 20 секунди откако печката ќе се исклучи за да може температурата да се изедначи. Промешајте за време на загревањето, доколку е потребно, и СЕКОГАШ промешајте по загревањето. Во случај на изгореници, следете ги овие инструкции за ПРВА ПОМОШ:

-Изгорената површина потопете ја во ладна вода најмалку 10 минути.

-Покријте ја со чиста, сува крпа.

-Не ставајте креми, масла или лосиони.

-Обратете се на доктор

Ако кабелот за напојување е оштетен, тој мора да се замени од страна на производителот, сервисерот или други квалификувани лица со цел да се избегнат несакани ситуации.

Децата треба да се надгледуваат за да не си играат со уредот.

Јајца со лушпа и тврдо варени јајца не треба да се загреваат во микробрановата печка, бидејќи може да експлодираат, дури и ако печката повеќе не е вклучена.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ : Содржината на шишињата и тегличките со храна за деца треба да се промешаат или протресат и да се провери температурата пред употребата, за некој да не се изгори.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ : Дозволена е употреба од страна на деца без надзор единствено во случај кога се дадени соодветни инструкции за детето да може да ја користи печката на безбеден начин и доколку ја разбира опасноста од неправилна употреба.

Уредот не треба да се употребува од страна на деца или лица со намалени физички, сетилни или ментални способности, недоволно искусни или обучени лица, освен доколку истите не се надгледуваат или не им се даде инструкции.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ : Достапните делови може да се загреат за време на употребата. За да избегнете изгореници не дозволувајте им на малите деца да бидат во близина.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ : Исклучете го уредот пред замената на светилката за да се избегне можноста од електричен удар.

MW71B-03801L_BOL_MK.indd 6

 

 

2010-07-13 ￿￿ 11:44:21