ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Сериозни предупредувања во однос на инсталирањето

Инсталирањето на овој уред мора да биде извршено од страна на квалификуван сервисер обучен од производителот. Ве молиме погледнете го делот “Инсталирање на микробрановата печка”.

Приклучете го кабелот за напојување во соодветен ѕиден штекер и тој штекер употребувајте го единствено за овој уред. Приклучокот за напојување цврсто вметнете го во ѕидниот штекер.

Дополнително, немојте да користите продолжителен кабел.

-Доколку не се придржувате кон ова и ѕидниот штекер го користите и за други уреди преку разделник или пак го продолжите кабелот за напојување може да дојде до електричен удар или пожар.

- Не користете електричен трансформатор. Тоа може да предизвика електричен удар или пожар.

Инсталирањето на овој уред мора да биде извршено од страна на квалификувано техничко лице или компанија за сервисирање.

-Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до електричен удар, пожар, експлозија, проблеми со производот или повреди.

Микробрановата печка е наменета за користење единствено на работна маса во кујна и таа не смее да се поставува во витрина.

Немојте да го инсталирате овој уред во близина на грејно тело или запалив материјал. Немојте да го инсталирате овој уред на влажно, масно или прашливо место, или на место изложено на директна сончева светлина и вода (капки од дожд).

Немојте да го инсталирате овој уред на место на кое е можно да истекува гас.

-Ова може да предизвика електричен удар или пожар.

Овој уред не е наменет за инсталирање во возила од типот на комби, каравани и слично.

Апаратот мора да биде правилно заземјен.

Немојте да го заземјувате апаратот на цевка за гас, пластична цевка за вода или телефонска линија.

-Ова може да предизвика електричен удар, пожар, експлозија или проблеми со производот.

-Никогаш немојте да го приклучувате кабелот за напојување во штекер кој не е правилно заземјен и проверете дали штекерот е во согласност со локалните и националните прописи.

5

ВНИМАНИЕ Мерки на претпазливост при инсталирањето

Поставеноста на уредот треба да овозможува достапност на приклучокот за напојување.

-Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до електричен удар или пожар заради електрично истекување.

Инсталирајте го уредот на рамна и тврда површина која може да ја издржи нејзината тежина.

-Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до ненормални вибрации, шум или проблеми со производот.

Инсталирајте го уредот со задржување на соодветно растојание од ѕидот.

-Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до пожар заради прегревање.

Запазете ја минималната височина на неопходен слободен простор над горната површина од печката.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Сериозни предупредувања во однос на електриката

Редовно вршете отстранување на сите супстанци како прав или вода од приклучокот за напојување и допирните точки со помош на сува крпа.

-Извадете го приклучокот за напојување и исчистете го со сува крпа.

-Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до електричен удар или пожар.

Приклучокот за напојување поврзете го во штекерот во правилна насока, така што кабелот ќе паѓа надолу кон подот.

-Ако приклучокот за напојување го поврзете во штекерот во спротивна насока (завртен нагоре), електричните жици во кабелот може да се оштетат и ова може да предизвика електричен удар или пожар.

Приклучокот за напојување цврсто вметнете го во ѕидниот штекер. Не употребувајте оштетен приклучок за напојување, оштетен кабел за напојување или штекер со раширени отвори.

-Ова може да предизвика електричен удар или пожар.

МАКЕДОНСКИ

MW71B-03801L_BOL_MK.indd 5

 

 

2010-07-13 ￿￿ 11:44:20