4.Исчистете ја внатрешноста на рерната со сува крпа.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Не отворајте ја вратата пред да заврши циклусот. Водата во рерната е многу жешка и може да предизвика изгореници.

ЗАБЕЛЕШКА

Доколку рерната е многу извалкана со масни наслаги, како на пример, по печење на скара,

се препорачува рачно да ги отстраните големите нечистотии со средство за чистење пред да ја активирате функцијата Чистење со пареа.

Оставете ја вратата на рерната отворена кога ќе заврши циклусот. На овој начин емајлираната површина на внатрешноста целосно ќе се исуши.

Ако внатрешноста на рерната е загреана, чистењето нема да се активира. Почекајте рерната да се олади и обидете се повторно.

Не применувајте преголема сила при сипување вода на дното. Направете го тоа внимателно. Во спротивно, водата ќе се прелие кон предната страна.

Пиролитичко чистење

Пиролитичката функција претставува чистење со термално чистење под висока температура. Тоа ги гори масните остатоци и го олеснува рачното чистење.

1.Отстранете ги сите додатоци, вклучувајќи ги и страничните шини, и избришете ги рачно големите нечистотии во внатрешноста на рерната.

Во спротивно, тие може да се запалат за време на циклусот за чистење и да предизвикаат пожар.

2.Завртете го копчето за избор на режим за да изберете .

3.Завртете го вртливото копче за избирање

вредности за да изберете Пиролитичко чистење (C 2), а потоа притиснете OK.

4.Завртете го вртливото копче за избирање вредности за да изберете едно од следите 3 нивоа за времето на чистење: 1 ч. 50 мин., 2 ч. 10 мин. и 2 ч. 30 мин.

5.Притиснете OK за да започнете со чистењето.

6.Кога ќе завршите, почекајте рерната да се олади,

а потоа избришете ги рабовите на вратата со влажна крпа.

ВНИМАНИЕ

Не допирајте ја рерната бидејќи таа се загрева за време на циклусот на чистење.

За да избегнете несреќи, не дозволувајте им на децата да бидат во близина на рерната.

Откако ќе заврши циклусот, не исклучувајте го напојувањето додека работи вентилаторот за ладење чија функција е да ја излади рерната.

ЗАБЕЛЕШКА

Штом започне циклусот, внатрешноста на рерната почнува да се загрева. Потоа вратата се заклучува заради безбедносни причини. Кога циклусот ќе заврши и вратата на рерната ќе се олади, вратата ќе се отклучи.

Не заборавајте да ја испразните рерната пред чистењето. Додатоците може да се деформираат поради високата температура во рерната.

Македонски  23

Ракување

NV75K5571RS_OL_DG68-00740A-01_BG+HR+MK+RO+SQ+SR+SL+EN.indb 23

2016-12-19 ￿￿ 10:49:04

Page 119
Image 119
Samsung NV75K5571RS/OL, NV75K5571RS/EG manual Пиролитичко чистење, Притиснете OK за да започнете со чистењето