Користење на упатството

Ви благодариме што купивте рерна за вградување од SAMSUNG.

Ова упатство за користење содржи важни информации околу безбедноста и помошните инструкции кои се однесуваат на употребата и одржувањето на вашиот уред.

Пред да започнете со употребата на уредот, ве молиме да го прочитате упатството за користење и да го задржите за користење во иднина.

Во ова упатство за користење се употребуваат следните симболи:

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Ризично или опасно ракување кое може да предизвика сериозни повреди, смрт и/или оштетување на околината.

ВНИМАНИЕ

Ризично или опасно ракување кое може да предизвика повреди и/или оштетување на околината.

ЗАБЕЛЕШКА

Корисни совети, препораки или информации кои ќе им помогнат на корисниците во ракувањето со производот.

Безбедносни инструкции

Инсталацијата на оваа рерна може да ја изврши единствено овластен електричар. Лицето што ќе ја врши инсталацијата е одговорно за поврзување на уредот на напојувањето во согласност со соодветните безбедносни препораки.

Важни мерки на претпазливост

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Уредот не е наменет за употреба од страна на лица (вклучувајќи деца) со намалени физички, сетилни или ментални способности, недоволно искусни или обучени лица, освен доколку истите не се надгледуваат или не им се дадени инструкции од страна на лицето одговорно за нивната безбедност.

Децата треба да се надгледуваат за да не си играат со уредот. Доколку кабелот за напојување е оштетен, треба да се замени со специјален кабел кој може да го набавите од производителот или од овластениот сервисер. (само модели со фиксно поврзување)

Ако кабелот за напојување е оштетен, тој мора да се замени од страна на производителот, сервисерот или други квалификувани лица со цел да се избегнат несакани ситуации. (само модели со кабел за напојување)

Овој уред треба да може да се исклучува од мрежата за напојување по неговата инсталација. Исклучувањето може да се изврши ако имате пристап до приклучокот или ако вградите прекинувач во фиксната инсталација во согласност со правилата за поставување инсталација. Методот на инсталација не треба да зависи од употребата на прилепувачки средства, бидејќи тие не се сметаат за сигурни средства за инсталација.

Македонски  3

Користење на упатството

NV75K5571RS_OL_DG68-00740A-01_BG+HR+MK+RO+SQ+SR+SL+EN.indb 3

2016-12-19 ￿￿ 10:48:57

Page 99
Image 99
Samsung NV75K5571RS/OL, NV75K5571RS/EG Користење на упатството, Ви благодариме што купивте рерна за вградување од Samsung