Паметно готвење

Ракување

Тајмер

Тајмерот ви помага да го проверите времето или времетраењето на готвењето.

1.Притиснете .

2.Завртете го вртливото копче за избирање

вредности за да го поставите времето, а потоа притиснете OK.

Максимална вредност што можете да ја изберете за времето е 23 часа и 59 минути.

ЗАБЕЛЕШКА

Кога ќе измине времето, рерната ќе репродуцира звучен сигнал и ќе ја прикаже пораката“00:00” која ќе трепка на екранот.

Поставките на тајмерот може да ги промените во секое време.

Вклучување/исклучување звук

За да го исклучите звукот, допрете и задржете врз копчето Светилка на рерната во период од

3 секунди.

• За повторно да го вклучите звукот, повторно допрете и задржете врз копчето во период од 3 секунди.

24  Македонски

Паметно готвење

Рачно готвење

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ за акриламидот

Акриламидот кој се создава при печење храна која содржи скроб, како што е чипс, помфрит и леб, може да предизвика здравствени проблеми. Се препорачува оваа храна да се готви на ниска температура и да не се препекува, препржува или гори.

ЗАБЕЛЕШКА

Загревањето се препорачува за сите режими за готвење, освен доколку не е поинаку назначено во водичот за готвење.

При користење на Економичен грејач, ставете ја храната во центарот на дополнителната решетка.

Совети за додатоците

Вашата рерна се испорачува со голем број различни додатоци. Можно е да ви недостасуваат некои од додатоците наведени во табелата подолу. Меѓутоа, дури и ако не ви се испорачани сите додатоци наведени во овој водич за готвење, можете да ги искористите тие што веќе ги имате и да ги добиете истите резултати.

Садот за печење и универзалниот сад може да се користат наизменично.

Кога готвите храна со масло, препорачливо е да ставите друг сад под решетката за печење во кој ќе се собира вишокот масло. Доколку ви е испорачан додатокот за решетката за печење, можете да го користите во комбинација со решетката за печење.

Доколку ви е испорачан универзалниот сад или длабокиот сад или, пак, и двата, за готвење храна со масло е подобро да го користите садот кој е подлабок.

NV75K5571RS_OL_DG68-00740A-01_BG+HR+MK+RO+SQ+SR+SL+EN.indb 24

2016-12-19 ￿￿ 10:49:04

Page 120
Image 120
Samsung NV75K5571RS/EG, NV75K5571RS/OL Тајмер, Вклучување/исклучување звук, Рачно готвење, Предупредување за акриламидот