Одржување

Одржување

Чистење

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Рерната и додатоците треба да се изладат пред да се започне со чистењето.

Не користете абразивни средства за чистење, тврди четки, парчиња груба ткаенина, метална жица, ножеви или какви било други абразивни материјали.

Внатрешност на рерната

За чистење на внатрешноста на рерната, употребете чиста крпа и нежно средство за чистење или топла сапуница.

Немојте рачно да ја чистите бравата на вратата.

За да се избегне оштетување на емајлираните површини на рерната, користете само стандардни средства за чистење рерни.

За отстранување на тврдокорните нечистотии, користете специјални средства за чистење рерни.

Надворешност на рерната

За чистење на надворешноста на рерната, како што се вратата, рачката или екранот, користете чиста крпа и нежно средство за чистење или топла сапуница и исушете со кујнска крпа или сува крпа. Маснотиите и нечистотиите може да не се отстранат, особено оние околу рачката, поради топлиот воздух кој се испушта од внатрешноста. Ви препорачуваме да ја чистите рачката по секое користење.

Додатоци

Перете ги додатоците по секое користење и сушете ги со кујнска крпа. За отстранување на тврдокорните нечистотии, потопете ги користените додатоци во топла сапуница приближно 30 минути пред перењето.

Каталитички емајлирана површина (само за моделите кај кои е применливо)

Отстранливите делови се обложени со каталитички емајл со темно сива боја. Тие може да се извалкаат со масло и маснотии при циркулирањето на воздухот за време на конвекцијата. Меѓутоа, овие нечистотии горат кога рерната постигнува температури од 200 °C или повеќе.

1.Извадете ги сите додатоци од внатрешноста на рерната.

2.Исчистете ја внатрешноста на рерната.

3.Изберете режим Конвекција со максимална температура и активирајте го циклусот во времетраење од еден час.

38  Македонски

Врата

Не отстранувајте ја вратата на рерната освен ако треба да ја исчистите. За да ја отстраните вратата и да ја исчистите, следете ги овие инструкции.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Вратата на рерната е тешка.

1.Отворете ја вратата и со повлекување отворете ги

спојните елементи кај двете шарки.

2.Затворете ја вратата за приближно 70°. Фатете ја вратата на рерната со рацете од двете страни, а

потоа подигнете ја и влечете ја нагоре сè додека не се откачат шарките.

3. Исчистете ја вратата со сапуница и чиста крпа.

4.Кога ќе завршите, следете ги чекорите 1 и 2 погоре

во обратен редослед за повторно да ја монтирате вратата. Проверете дали спојните елементи се прикачени за шарките и од двете страни.

NV75K5571RS_OL_DG68-00740A-01_BG+HR+MK+RO+SQ+SR+SL+EN.indb 38

2016-12-19 ￿￿ 10:49:06

Page 134
Image 134
Samsung NV75K5571RS/EG, NV75K5571RS/OL manual Одржување, Надворешност на рерната