Безбедносни инструкции

Безбедносни инструкции

За време на употребата апаратот се загрева. Внимавајте некој да не дојде во контакт со загреаните делови во рерната.

Достапните делови може да се загреат за време на употребата. Не дозволувајте им на малите деца да бидат во близина.

Ако уредот се одликува со функција за автоматско чистење или чистење со пареа, истурената храна мора да се отстрани пред чистењето, а садовите треба да се отстранат од рерната за време на чистењето со пареа или автоматското чистење. Функцијата за чистење зависи од моделот.

Ако овој уред се одликува со функции за автоматско чистење, за време на автоматското чистење површините може да се загреат повеќе од вообичаено, па затоа не дозволувајте им на малите деца да бидат во близина. Функцијата за чистење зависи од моделот.

Користете ја сондата за температура која е препорачана за оваа рерна. (само модели со сонда за месо)

Уредот не треба да се чисти со пареа.

Исклучете го уредот пред замената на светилката за да се избегне можноста од електричен удар.

Не употребувајте јаки абразивни средства или остри метални жици за чистење на стаклото од вратата на рерната бидејќи тие можат да ја изгребат површината, што може да предизвика кршење на стаклото.

Уредот и неговите достапни делови може да се загреат за време на употребата.

Внимавајте некој да не дојде во контакт со загреаните делови. Децата на возраст помала од 8 години не треба да бидат во близина, освен под постојан надзор.

Овој уред може да го користат деца на возраст од 8 и повеќе години и лица со намалени физички, сетилни или ментални способности, недоволно искусни или обучени лица, доколку истите се надгледуваат или им се дадат инструкции за користење на уредот на безбеден начин и им се објаснат можните опасности. Децата не смеат да си играат со уредот. Чистењето

иодржувањето од страна на корисникот не смеат да го вршат деца без соодветен надзор.

Температурата на надворешните површини може да биде висока при ракување со уредот.

Вратата или надворешната површина може да се загрее при ракување со уредот.

Чувајте го уредот и неговиот кабел подалеку од дофат на деца помали од 8 години.

Уредите не се предвидени да бидат контролирани од надворешни тајмери или одделни системи за далечинска контрола.

4  Македонски

NV75K5571RS_OL_DG68-00740A-01_BG+HR+MK+RO+SQ+SR+SL+EN.indb 4

2016-12-19 ￿￿ 10:48:57

Page 100
Image 100
Samsung NV75K5571RS/EG, NV75K5571RS/OL manual Уредот не треба да се чисти со пареа