Ставете ги чорапите и градниците во мрежа за перење и исперете ги заедно со останатите алишта. Не перете голем тип на алишта како постелнина во мрежата за перење.
•Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до повреда поради абнормални вибрации.
Не користете стврднат детергент.
•Доколку се акумулира во самата машина за перење, може да предизвика истекување на вода.
Проверете дали џебовите од сите алишта за перење се празни.
•Тврди, остри предмети како парички, игли, клинци, завртки или камчиња може сериозно да го оштетат уредот.
Немојте да перете облека со големи токи, копчиња или други тврди метални предмети.
Распределете ги алиштата по боја според нивната издржливост на избледување и изберете го препорачаниот циклус, температурата на водата и дополнителните функции.
•Ова може да предизвика избледување или оштетување на ткаенината.
Внимавајте да не им ги притиснете прстите на децата со вратата кога ќе ја затворате.
•Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до повреди.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Сериозни ПРЕДУПРЕДУВАЊА при чистењето
Немојте да го чистите уредот со директно прскање на вода.
Немојте да користите јако средство за чистење со киселини.
За чистење на уредот немојте да користите бензол, разредувач или алкохол.
•Ова може да предизвика избледување, деформирање, оштетување, електричен удар или пожар.
Пред чистење и одржување, извадете го приклучокот на уредот од ѕидниот штекер.
•Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до електричен удар или пожар.
Инструкции во врска со WEEE
Правилно депонирање на овој производ (Отпадна електрична и електронска опрема) (Применливо во држави со посебни системи за справување со отпадот)
Оваа ознака на производот, приборот или литературата означува дека производот и неговиот електронски прибор (на пр. полначот, слушалките, USB кабелот) не треба да се отстрануваат заедно со останатиот отпад од домаќинството на крајот од нивниот работен век. За избегнување на можна штета врз околината или човечкото здравје предизвикана со неконтролирано фрлање отпад, Ве молиме да ги одвоите овие предмети од другите видови отпад и одговорно да ги рециклирате заради унапредување на еколошки оправдано повторно користење на материјалните ресурси.
Физичките лица можат да се обратат или во продавницата каде што го купиле овој производ или во службите на локалната самоуправа, за детали каде и како да извршат рециклирање на производот на начин безбеден по околината.
Деловните корисници можат да се обратат до својот снабдувач и да ги проверат одредбите и условите во договорот за набавка. Овој производ и неговиот електронски прибор не треба да се мешаат со друг комерцијален отпад.
Македонски - 10
|
| ||
|
| ||
|
|
|
|