Користење на вашата машина за перење

Со вашата нова Samsung машина за перење, најтешкиот дел ќе биде одлуката што да ставите при првото перење.

Информации за детергенти и адитиви

Користење на соодветниот детергент

Видот на детергентот зависи од видот на ткаенината (памук, синтетика, деликатни ткаенини, волна), бојата, температурата на перење и видот на валканоста. Секогаш употребувајте детергент за перење кој “не пени” премногу и кој е наменет за автоматските машини за перење.

Следете ги препораките на производителот на детергенти за тежината на алиштата за перење, степенот на валканоста и тврдоста на водата во вашето место. Доколку не знаете колку е тврда водата, информирајте се кај локалните органи за водоснабдување.

Немојте да користите детергент кој се стврднал, бидејќи детергентот може да се задржи и по циклусот на плакнење. Може да дојде до неправилно плакнење на машината или блокирање на истекот за претекување.

Користење на фиоката за детергент

Машината за перење има одделни прегради за детергент и омекнувач.

Додадете ги сите адитиви за перење во соодветните прегради пред вклучувањето на машината за перење.

ВНИМАНИЕ: Немојте да ја отворате фиоката за детергент додека работи машината. Може да се изложите на жешка вода или пареа.

При перење на големи работи, не ги користете следните типови на детергент.

Детергент од тип на таблети и капсули

Детергенти кои користат топка и мрежа

Преграда за детергент за предперење: Детергент за предперење или штирак.

Преграда за детергент за главно перење: Детергент за главно перење, омекнувач на вода, средство за накиснување, белило и отстранувач на дамки.

Преградата за омекнувач: Омекнувач (не полнете над линијата MAX ).

1.Извлечете ја фиоката за детергент во горниот лев агол на машината за

перење.

2.Додадете ја препорачаната количина на детергент во преградата за

детергент за главно перење пред вклучувањето на машината за перење.

За користење на течен детергент, користете ја чашката за течен детергент (погледнете во делот “Користење на течен детергент

(одредени модели)“ на страница 20).

Не додавајте детергент во прав во чашката за течен детергент.

КОРИСТЕЊЕ 03

Македонски - 19

Untitled-919

 

 

2014-03-18 �� 7:28:20