Перење на алиштата за првпат
Пред перењето на алишта за првпат, мора да направите комплетен празен циклус (т.е. без алишта).
1.Отворете го доводот на вода во машината за перење.
2.Ставете малку детергент во преградата за главно перење во фиоката за детергент.
3.Притиснете го копчето Напојување за да го вклучите напојувањето.
4.Завртете го Cycle Selector (избирач на циклус) за да го изберете циклусот Rinse+Spin (плакнење+центрифуга).
5.Притиснете го копчето Активирање/Пауза.
Ова ќе ја отстрани можната заостаната вода во барабанот од завршното тестирање на производителот.
Основни инструкции
1.Отворете го доводот на вода во машината за перење.
2.Внимателно ставете ја облеката во барабанот без да го преполнувате.
ВНИМАНИЕ: Немојте да ја преполнувате машината за перење. За да го одредите количеството на облека за перење во зависност од нејзиниот вид, погледнете во делот “Одредување на капацитетот на полнење“ на страница 29.
Не перете водоотпорни алишта со нормален циклус, освен со циклусот Outdoor Care (грижа за облека за надвор од домот).
3.Затворете ја вратата до крај.
ВНИМАНИЕ: По циклусот на перење, детергентот може да се задржи во предната гумена изолација на машината за перење или на гумата на вратата. Отстранете го задржаниот детергент пред да ја затворите вратата, бидејќи тоа може да предизвика истекување на вода.
ВНИМАНИЕ: Внимавајте алиштата да не се заглават на вратата, бидејќи може да дојде до истекување на вода.
4.Притиснете го копчето Напојување за да го вклучите напојувањето. Last Memory (меморија на последен циклус) функција
•Кога ќе ја вклучите машината за перење, на контролната плоча ќе се појават последните користени поставувања. Меѓутоа, ако меѓу последните користени поставувања бил и циклусот Rinse+Spin (плакнење+центрифуга) или Spin (центрифуга), оваа функција нема да работи.
•Ако барем малку го завртите Cycle Selector (избирач на циклус) откако ќе ја вклучите машината за перење, оваа функција нема да работи и контролната плоча ќе се ресетира.
5.Додадете детергент и по потреба омекнувач или детергент за предперење во соодветните прегради во фиоката за детергент.
6.Изберете го соодветниот циклус и опциите за алиштата. Соодветните индикатори ќе засветат, а на екранот ќе се прикаже преостанатото време за циклусот.
7.Притиснете го копчето Активирање/Пауза.
ВНИМАНИЕ: Не допирајте го стаклото на вратата додека машината за перење работи бидејќи може да биде топло.
ВНИМАНИЕ: Не отворајте ја фиоката за детергент или филтерот за остатоци додека машината за перење работи, бидејќи може да се изложите на топла вода или пареа.
КОРИСТЕЊЕ 03
Македонски - 21
|
| ||
|
| ||
|
|
|
|